полунаводници
Вид збор: Именка, множина
Ранг: 30363
Правописен знак од две запирки (‘...‘) за одделување збор или израз во текст што е во наводници или за означување на толкувањето на значењето на даден збор.
Примери:
Заклучокот на авторот е безусловно точен: „ Така со ‘ако‘ не само македонското прашање може да се ликвидира ами и целата историја може да се преиначи по фантазијата на кого било. Во историјата нема ‘ако било‘, ами ‘како било‘. И тоа е нејзина врховна мудрост“.
Вид: интерпункција (ж.)